На учесниците на мото-клубот „Ноќни волци“ кои се дел од дефилето до Берлин, вклучително и на оние кои поседуваат европски пасоши, не им беше дозволено да ја поминат полската граница, изјави за „Интерфакс“ лидерот на клубот Алекксандар Залдостанов-Хирург.
„Сега сме на границата со Полска, нѐ има околу 50 луѓе. Без оглед на тоа што направивме сѐ според законот – и добивме визи, и ја наведовме маршрутата, тие не пропуштија никого“, изјави тој.
Како што потенцираше Залдостанов, „ги вратија дури и луѓето кои имаат европски пасоши“.
Според неговото мислење, „ова е потполно беззаконие“.
Притоа лидерот на клубот не прецизираше како граничарите ги аргументирале своите постапки.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче