Лавров: Експанзијата на ИД е клучен предизвик за меѓународната стабилност

Експанзијата на терористичката група „Исламска држава“ претставува клучен предизвик за меѓународната стабилност и сѐ додека не биде неутрализирана, никој не може да се чувствува безбеден, изјави шефот на МНР РФ Сергеј Лавров.

„На Блискиот Исток ситуацијата во целост се доближи до цртата по која почнува уништување на политичката карта на регионот. Ова е уште едно красноречиво сведоштво за погубноста на линијата за „извоз на демократија“ и испровоцираната однадвор смена на непожелни режими по насилен пат, вклучително и шпекулирањето со конфесионалниот фактор и провоцирањето раскол внатре во муслиманскиот свет“, изјави Лавров настапувајќи на пленарната седница на Советот за мерки за соработка и доверба во Азија.

„Просторот на хаос што се шири, а кој веќе ги зафати Ирак, Либија, Сирија, предизвика според своите размери невидена терористичка закана чие олицетворение е „Исламската држава“. Експанзијата на ИДИЛ е клучниот предизвик за меѓународната стабилност. Сѐ додека не биде неутрализирана, никој на светот не може да се чувствува безбеден“, истакна министерот.

Лавров потенцираше дека РФ „цврсто и континуирано“ е посветена на борбата со тероризмот во сите негови форми и појави“.

„Убедени сме дека е невозможно индивидуално да се победи ова глобално зло. Претседателот Путин поведе иницијатива за формирање единствен фронт претставен од широка меѓународна коалиција, која би ги вклучувала сите страни заинтересирани за  неутрализирање на екстремистите на Блискиот Исток. Таквите консолидирани напори треба да имаат комплексен повеќеплански карактер, да бидат основани од правна гледна точка, да се преземаат со СБ ООН во улога на координатор“, додаде министерот, пренесува РИА „Новости“.
 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња