Русија реагира: НАТО создава нова линија на конфронтација во Црното море

НАТО се обидува да создаде нова линија на конфронтација во црноморскиот регион, наводно плашејќи се од „руската закана“; напиша постојаното претставништво на РФ при НАТО, додавајќи дека Русија ќе преземе мерки на одговор.

„Таканаречениот тврд пристап на НАТО кон безбедноста во Црното море не е ништо друго освен обид за создавање нова линија на конфронтација во црноморскиот регион под изговор на митската „руска закана“. Сето тоа противречи на основните интереси на земјите на Црното море, вклучувајќи ги и членките на НАТО. Тоа не е нашиот избор.

НАТО треба да сфати дека Русија ќе ги преземе сите неопходни мерки за да ги неутрализира настанатите закани“, се вели во соопштението објавено на страницата на постојаното претставништво на Твитер.

Денеска беше објавено дека САД испратиле два ловци Ф-22 „Раптор“ во романска авиобаза на брегот на Црното море, пренесува РТ на руски.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња