„Повеќе од дваесет бродови извршува воени задачи на морските полигони, а меѓу нив се и ракетниот брод „Дагестан“, малите ракетни бродови „Град Свијажск“, „Углич“, „Великиј Устјуг“, малите артилериски бродови „Волгодонск“ и „Махачкала“, пренесува РИА Новости.
Кон крајот на март бродовите на Касписката флота веќе реализираа вежби со употреба на ракетниот систем „Калибар-НК“, а на 31 декември минатата година медиумите го пренесоа извештајот на разузнавачката служба на САД дека Русија има намера почесто да ги применува крстосувачките ракети од последна генерација „Калибар“.
Овој ракетен систем беше применет и во воената операција против терористите на „Исламската држава“ во Сирија. На 5 и 6 октомври минатата година ракетните бродови на Касписката флота лансираа 26 крстосувачки ракети и погодија 11 цели во Сирија со прецизност до три метри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче