Медиуми: Кина сака размена на вселенска технологија со Русија

Кина сака да добие пристап до технологиите за производство на ракетни мотори. Притоа „Роскосмос“ не гледа смисла во таква соработка и ја смета таквата размена за еквивалентна, пишува „Известија“.

Кина сака да прави размена на технологијата на производство на вселенска анти-радијациска електронска компонентна база за технологијата на производство на ракетни мотори врз база на течно гориво,  соопшти весникот „Известија“ повикувајќи се на извор кој учествуваше во подготовката на средните на руските вицепремиер Дмитриј Рогозин и заменик-министерот на Државниот совет на Кина Ван Јан.

Според информациите на изданието, размената на технологии била исто така дискутирана во текот на последната седница на билатералната комисија што се одржа во декември 2015 година.

„Комисијата го одобрува постигнатиот договор за соработка во областа на ракетните мотори и електронската компонентна база и им наложува на вселенските ресори на Страните да ги подготват за потпишување неопходните нормативно-правни документи за реализација на соработката во наведените сфери“, го цитира „Известија“ протоколот од седницата потпишан од Дмитриј Рогозин и Ван Јан.

Притоа во „Роскосмос“ сметаат дека руската страна засега не гледа смисла во таква соработка.

„Засега оваа размена не изгледа еквивалентна. Русија е признат лидер во сферата на производство на мотори врз база на течно гориво, американски компании ги купуваат нашите мотори. А Кинезите, со сета должна почит, засега не успеаја да ги копираат најнапредните американски разработки... Во сферата на суперфреквентната радијација Кинезите веќе ги стигнаа Американците, а наместа и ги надминаа, но тука треба да се каже дека у руските институции во делот на суперфреквентната радијација секогаш биле силни. Затоа засега не гледаме доволно резон за размена“, објасни неименуван службеник на руската компанија.

Дека Кина има намера да купува од Русија мотори РД-180 првпат беше објавено во август 2015 година. Подоцна вицепремиерот Дмитриј Рогозин соопшти дека договорот за испорака може да биде подготвен до посетата на премиерот Дмитриј Медведев на Пекинг во декември 2015 година.

Пред неколку дена беше соопштено дека Москва нема намера да испорачува ракетни мотори во Кина. Причина за откажувањето стана тоа што Кина не учествува во режимот на контрола на таквите технологии, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња