Руските спортисти можат да ја избегнат казната поради допинг

WADA ја објави дозволената максимална концентрација на мелдониум до еден микрограм на 1 милилитар во примероците за тестирање направени до 1 март 2016 година.

Руските лизгачи Павел Кулижников, Екатерина Константинова и натпреварувачот во брзо одење Семјон Елистратов, осомничени за допингување, можат да се најдат под амнестија на Светската антидопинг агенција (WADA) и да ја избегнат казната. Ова го соопшти ТАСС повикувајќи се на првиот човек на Сојузот на лизгачи на Русија (СКР) Алексеј Кравцов. Функционерот изјави дека концентрацијата на мелдониум во допинг-примероците на спортистите е значително помала од дозволената норма од 1 микрограм која беше објавена од WADA во средата, 13 април.



Според информациите на „Р-Спорт“, под амнестија можат да се најдат и четирикратната шампионка на светот во пливање Јулија Ефимова и одбојкарот  Александар Маркин: содржината на забранетата супстанца во нивните примероци за тестирање се помали од дозволеното. Сите шанси да бидат ослободени од обвинувањата ги имаат и руските атлетичари, изјави за „Р-Спорт“ тркачот Андреј Менџулин.

Амнестирана може да биде и Марија Шарапова, изјави претседателот на Тениската федерација на Русија Шамил Тарпишчев, прецизирајќи дека одлуката ќе биде донесена од Меѓународната тениска федерација (ITF). „Процесот се одвива добро, сметам дека ќе добиеме. Има надеж Марија Шарапова да игра на Олимпијадата“, изјави Тарпишчев во интервју за РИА „Новости“.

На 13 април WADA ги објави податоците од временото истражување за супстанцата мелдониум која беше забранета од 1 јануари 2016 година. Така, содржината на мелдониум помала од 1 микрограм на 1 милилитар (1 мкг) во допинг-примерокот на спортистот, даден до 1 март 2016 година, беше признаена за дозволива. Наведената концентрација во WADA ја сметаат како доказ за ненамерно примање на препаратот.

Допинг-примероците на 158 спортисти од 15 земји дадоа позитивен резултат на мелдониум, соопштува ТАСС.  Според информациите на ТАСС, најмалку 31 руски спортист се осомничени за користење на забранетата материја, меѓу нив и тенисерката Марија Шарапова.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња