„Росгвардија“ ќе може да учествува во мировни операции

Новата безбедносна структура во Русија – Националната гарда на РФ (Росгвардија) ќе може да учествува во операции за одржување и воспоставување на мирот во странство, се вели во указот на претседателот на РФ за формирањето на ресорот.

Единиците на Националната гарда (новиот безбедносен ресор на Русија под чија капа се наоѓаат Внатрешната војска на МВР, СОБР и ОМОН, ФГУП „Охрана“ и надворешното обезбедување на МВР -  заб. на ред.) ќе добијат право да учествуваат во мировни операции во странство, се наведува во предлог-указот на претседателот за формирањето на ресорот.

„(Росгвардија) обезбедува со одлука на претседателот на РФ учество на воените сили на националната гарда, соработници на органите, федералните државни граѓански службеници на „Росгвардија“ во дејностите за одржување или воспоставување на меѓународниот мир и безбедноста“, се вели во документот.

Основни задачи на новата структура на РФ

Главна задача на новиот ресор ќе биде спротивставување на тероризмот, екстремизмот и организираниот криминал во современи услови. Исто така Националната гарда ќе биде одговорна за безбедноста на државните објекти и ќе се занимава со прашања на јавниот ред и мир. При вонредни ситуации ресорот ќе има можност да ги блокира средствата за врска и мрежите во реонот на реализација на своите операции.

Како што истакна на 7 април во интервјуто за руските медиуми портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков, „Росгвардија“ ќе пристапи кон исполнување на своите задачи паралелно со утврдувањето на нормативно-правната база на структурата.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња