Медиум: Целта на Путин е обнова на царска Русија со отстранување на Турција

Новинар на турскиот весник „Мили Газете“ се обидува да одговори на прашањето „зошто Русија ѝ се настрвила на Турција“.

„Целта на новата Русија не е обнова на СССР, туку на царска Русија“, смета турскиот аналитичар Мехмет Сејфетин Ерол. „Таа оди на Украина преку Крим, игра сѐ позабележлива улога во кризите на Балканот, покажува сѐ поголем апетит кога се работи за Молдавја, ја презема врз себе улогата на покровител на христијаните, пред сѐ на православните, и на Словените“, пишува турскиот новинар и додава дека нејзината главна идеологија е панславизмот.

Новинарот понатаму пишува дека на патот на обновата на руската империја пред Русија се нашла Турција, како некогаш Османлиската империја. „Токму со тоа може да се објасни фактот дека по Крим и Украина Русија одеднаш го промени курсот спрема Турција преку Сирија. Русија, која смета дека таа доминира во црното море, повторно фрли око на топлите води на Средоземното море“, пишува турскиот весник „Мили Газете“.

Турскиот новинар наведува четири цели кои Москва наводно сака да ги постигне со тоа што „ќе ја исфрли од игра“ Турција. Првата цел е да се спушти на југ и да го зајакне своето влијание на Балканот, во басенот на Црното море и на Кавказ. Втората цел е Авганистан и земањето на Западен Туркестан  под контрола. Третата цел е да го разниша влијанието на САД во регионот, а четвртата да го ослабне, изолира и освои Туркестан.

Единствениот начин Русија да биде запрена во нејзиниот „поход“ е „основање на „турско-исламски сојуз“ во вистинската смисла на зборот“.

„Во врска со тоа треба да се спомене дека Азербејџан во текот на неодамнешните судири во Нагорно Карабах освен Турција беше поддржан од Туркменистан, Пакистан и Организацијата за исламска соработка. Да, туркиско-исламската географија се шири. Со милоста на Алах, никој нема да може да застане на патот на ова будење“, заклучува турскиот новинар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња