Тројца бомбаши-самоубијци се кренаа во воздух пред зграда на ОВР

Напаѓачите на зградата на ОВР во Ставрополскиот крај, според првичните податоци, биле четворица. Тројца од нив се кренаа во воздух, а четвртиот беше ликвидиран.

Тројца осомничени бомбаши-самоубијци се кренаа во воздух пред зградата на ОВР во Ставрополскиот крај, соопшти за РИА „Новости“ извор во безбедносните структури. Четвртиот напаѓал, според првичните информации, е ликвидиран.

„Првично, тројцата самоубијци се кренаа во воздух кај зградата на МВР на Новоселицкиот реон на Ставрополскиот крај. Терористите загинаа, вкупно имаше пет експлозии“, раскажа соговорникот на агенцијата.

Во ГУМВР на Ставропол ја потврдија информацијата за нападот врз ОВР.  Според првичните информации, како резултат на експлозиите никој не настрадал.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња