Руската армија ќе го добие шестиот комплет С-400 до крајот на годината

Шестиот комплет од ракетниот систем С-400 „Триумф“ ќе биде испорачано на руските Воздушно-космички сили (ВКС) до крајот на 2016 година, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

„Во рамките на обнова на вооружувањето со нови примероци оружје и воена техника во 2016 година во вооружувањето на единиците за ПВО на ВКС веќе стапи еден бригаден комплет од ракетниот систем за дејствување на далечина С-400 „Триумф“ и два дивизионски комплети на ракетниот систем за дејствување одблиску „Панцир-С“. До крајот на годината во една од подмосковските единици за ПВО ВКС е планирана испорака на уште еден бригаден комплет С-400 „Триумф“, се вели во соопштението што го пренесува „Взгљад“.

„Во рамките на реализацијата на државните нарачки за одбрана на Министерството за одбрана на Руската Федерација и ООО „Воено-индустриска компанија“ склучија договор за испорака на уште една партија од серијата оклопни транспортери БТР-82А“, исто така соопшти одбранбениот ресор.

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека во 2016 пред рокот ќе добие пет бригадни комплети С-400 „Триумф“, три – до крајот на септември, и уште два – во октомври.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња