Путин раскажа за Русија од своите соништа

Претседателот на Русија Владимир Путин им раскажа на учесниците на медиа-форумот на Општорускиот народен фронт (ОНФ) каква треба да биде Русија од неговите соништа

„Таа треба да биде самостојна, моќна, ефикасна, современа, насочена кон иднината“, истакна Путин. Тој додаде дека ја гледа Русија како земја „каде се живее комфорно, пријатно и престижно“, пренесува „Лента. ру“.

Претходно шефот на руската држава изрази мислење дека земјите од Западот нема да успеат да ги замолчат руските успеси во сириското регулирање.

Покрај тоа, тој ја објасни склоноста на Русите кон нелегално симнување на медиумски содржини од интернет со ниското ниво на култура на почитување на авторските права во земјата.

Путин исто така им помогна на организаторите на медиафорумот со тоа што настапи и како преведувач од германски јазик. Во текот на дискусијата се покажа дека во неа учествува претставник на германски медиум кому шефот на државата побара да му се даде збор. Меѓутоа организаторите на настанот не успеаја да обезбедат превод од германски јазик. Тогаш Путин почна самиот да им ги преведува зборовите на новинарот на учесниците вофорумот.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња