Лавров: Постигнато примирје во Нагорно Карабах

Министрите за надворешни работи на Русија, Азербејџан и Иран констатираа денес на преговорите во Баку на кои учествуваше и претседателот Илхам Алиев дека е постигнато примирје во Нагорно Карабах.

„Со задоволство констатиравме дека е постигнато примирје “, изјави по преговорите Сергеј Лавров. „Се потрудивме да им помогнеме на нашите блиски пријатели да се договорат и се надеваме дека ќе се придржуваат до тој договор“, ја пренесува НТВ изјавата  на рускиот министер за надворешни работи.

Лавров потсети дека претседателот на РФ Владимир Путин лично разговарал со претседателите на Азербејџан и Ерменија, а рускиот премиер Дмитриј Медведев денешниов ден ќе го помине во Ереван за да отпатува утре во Баку.

Министерот Лавров ја истакна потребата од осмислување „мерки на доверба“ кои ќе спречат нова ескалација на конфликтот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња