Неодамна претседателот на Азербејџан Илхам Алиев ја посети Анкара. Турција и Азербејџан имаат долгогодишни односи во воената сфера. Тоа не е класичен воен сојуз, меѓутоа целиот воен корпус на Азербејџан, почнувајќи од постарите офицери, т.е од мајорите го стекнува своето образование во турските воени школи, пишува Аждар Куртов на страниците на „Известија“.
„Раководството на Азербејџан во последно време почна да го копира својот политички сојузник – Турција. Сите видовме како Турција со непочитување се однесува спрема меѓународното право, спрема претходните договори, постарите сојузи“, пишува аналитичарот. „Ердоган сега изјавува дека треба да се менува составот на сегашниот Совет за безбедност, и да се вклучи азиска држава, односно Турција. Азербејџан во тоа ја поддржува Турција, затоа што турските планови за реформа на СБ ООН се пред сѐ планови насочени против Русија“.
„Ако се сетиме на ситуацијата во острата фаза на војната во Нагорно Карабах на почетокот на 90-те, и тогаш Турците активно му помагаа на Азербејџан, барем така што ги праќаа своите воени сили на границата со Ерменија. Тогаш постоеше вистинска опасност турските вооружени сили да ја поминат границата на поранешниот Советски Сојуз и да почнат војна против Ерменија која ја поддржа Републиката Нагорно Карабах.“
Ставот на Русија останува непроменет, смета Куртов. Русија има договор со Ерменија во воената сфера, а тоа е оној облик на билатерални односи кои историчарите го нарекуваат воен сојуз. На територијата на Ерменија постои руска воена база. Покрај тоа, Русија и Ерменија ги поврзуваат многуте обврски во рамките на Организацијата на договорот за колективна безбедност (ОДКБ). „И во тој случај, ако дојде до агресија врз Ерменија, ќе бидат активирани сите механизми“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче