Борбените дејствија во Нагорно Карабах продолжуваат. Азербејџанска војска ги користи руските системи „Смерч“ и тешките ракетни фрлачи ТОС-1А „Солнцепек“. По тој повод ерменската заедница повторно бара од Русија да ја запре испораката на оружје за азербејџанскиот агресор, пишува Мирзајан за „Експерт Онлајн“.
Сепак, дури и ако Кремљ воведе ембарго на испораката на оружје за Азербејџан, Ерменците сеедно ќе гинат од оружјето кое ќе го продаваат други држави - Белорусија, Украина, Турција. Многумина не знаат дека Анкара создаде многу силно оружје и сама бара шанса да го тестира (кога веќе не ѝ успеа во Ирак). Меѓутоа, не треба да се заборави дека продавачот на оружје има одредено влијание врз купувачот, врз неговата политика. И во ерменските интереси е тоа влијание врз Азербејџан (макар и мало) да биде руско влијание, а не украинско или турско. И таа елементарна логика не смеат да ја расипуваат емоциите, смета експертот.
И од гледна точка на сопствените политички интереси Русија мора да продолжи да му испорачува оружје на Азербејџан. Не треба да се заборави дека Азербејџан е јужен сосед кој граничи со нестабилниот Дагестан. На Кремљ му се потребни нормални односи со тој сосед, а во случај на нивен демонстративен прекин на јужните граници на Руската Федерација ќе се создаде сојузнички триаголник Анкара-Тбилиси-Баку.
За Ерменија е донекаде корисно зачувувањето на тесните политички контакти меѓу Русија и Азербејџан. Денеска постојат два начина да се реши прашањето на Карабах: првото, невозможното, Азербејџан да прифати некаква формула за признавање на независноста на Нагорно Карабах и да му се врати поголемиот дел од териториите околу НКР кои беа заземени од Ерменците во 90-те години. Сепак, (претседателот на Азербејџан) Алиев не може да се откаже од Нагорно Карабах поради внатрешнополитички причини, затоа што благодарение на државната пропаганда, Карабах се претвори во симбол на нацијата, срцето на Азербејџан.
Останува втората опција: да се задржи статус кво ситуацијата на неопределено време и да се почека и Азербејџанците да се помират со независноста на Карабах. Проблемот е што за зачувување на статусот кво е потребно продолжение макар и на празниот преговарачки процес со посредништво на Москва. Ако Русија отворено ја зазеде страната на Ерменија (а прекинот на испораките за Азербејџан токму така ќе бидат толкувани), Алиев може да добие поддршка од Турција и да ризикува со агресија врз Карабах. Затоа што Алиев ќе нема повеќе што да изгуби“, пишува Геворг Мирзајан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче