Косачов: Москва соработува со двете страни во ситуацијата во Карабах

Единствениот лидер кој последниве денови се обрати само до една престолнина и во сѐ поддржа една страна беше претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, изјави претседателот на Меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата на РФ Константин Косачов.

Кремљ ја продолжува соработката и со Баку и со Ереван во врска со заострувањето на конфликтот во Нагорно Карабах, повикувајќи гои двете страни да се воздржат од ескалација, соопшти претседателот на Меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата на РФ Константин Косачов.

Москва на сите можни нивоа ја продолжува соработката со двата главни града, повикувајќи ги во подеднаква мера да се воздржат од ескалација на заемното насилство. И тоа е единствената можна варијанта за дејствување спрема страните во конфликтот кој е на граница да прерасне во голем воен судир“, напиша тој на својата страница на Фејсбук.

Според процената на рускиот сенатор, и другите земји се однесуваат како и Русија: САД, Велика Британија, Германија и Франција.

„Леле, со еден исклучок. А тоа е Анкара. Ако не се лажам, единствениот лидер кој последниве денови се обрати само до една престолнина и во сѐ поддржа една страна беше претседателот на Турција Таип Ердоган. Анкара, на наша голема жал, продолжува да соработува единствено и исклучително со Баку“, заклучи Косачов, а  пренесува РИА „Новости”.

Косачов на Советот на Федерацијата истакна дека таквиот став во суштина е „долевање масло на огнот, поттикнување на една од страните во конфликтот да продолжи со судирот“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња