Шефот на руската дипломатија и државниот секретар на САД Џон Кери дискутираа телефонски за ситуацијата во Нагорно Карабах, соопшти МНР РФ, пренесува РИА „Новости“.
„Шефовите на дипломатиите изразија сериозна загриженост од ескалацијата на конфронтацијата во Нагорно Карабах, потврдувајќи го ургентниот апел за итен прекин на борбените деjствиjа. Договорено е активизирање на напорите на Русија, САД и Франција како копретседавачи на Минската група на ОБСЕ за помош во решавањето на нагорно-карабашкиот конфликт. Лавров и Кери ги осудија обидите на одделни „надворешни фактори“ да ја поттикнуваат конфронтацијата околу Карабах“, се вели во сооштението на МНР РФ.
Разговорот се одржа на иницијатива на американската страна.
Ескалацијата на конфликтот во Нагорно Карабах трае тре ден. Баку и Ереван соопштуваат за борби и гранатирања на линијата на разграничување. Според податоците на ООН за координација на хуманитарни прашања, како резултат на заострувањето на конфликтот загинале 33 лица, а над 200 се повредени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче