Челик го призна убиството на пилотот на рускиот Су-24

Пред судот Алпарслан Челик исто така изјави дека не жали поради стореното, туку напротив, сака да продолжи да прави такви дела на истиот начин.

Турскиот државјанин Алпарслан Челик го призна пред судот во Измир убиството на Олег Пешков, пилотот на авионот Су-24 што беше соборен над Сирија, но одби да го коментира овој настан, соопшти турскиот портал ДХА.

Според информациите на порталот, Челик пред судот едноставно молчел на прашањата за рускиот пилот.

Пред судот Челик исто така изјави дека не жали поради стореното, туку напротив, сака да продолжи да прави такви дела на ист начин, пренесува ТВ „Ѕвезда”.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња