Спасувањето на рускиот пилот

Спасениот руски пилот, капетанот Константин Мурахтин одговара на новинарски прашања во „Хмејмим“ во Латакија.

Спасениот руски пилот, капетанот Константин Мурахтин одговара на новинарски прашања во „Хмејмим“ во Латакија.

Дмитриј Виноградов / РИА Новости
Медиумите успеаја да дојдат до детали поврзани со спасувањето на рускиот капетан од бомбардерот Су-24 кој беше соборен од страна на руските воено-воздушни сили во вторникот на 24 ноември.

Еден ден по инцидентот со соборувањето на рускиот Су-24 на небото над Сирија, рускиот претседател Владимир Путин го награди екипажот на авионот со државни признанија. Обата пилота успеаја да се катапултираат, но врз едниот од нив, командирот, потполковник Олег Пешков, беше отворен оган од земја, при што загина. Капетанот на бомбардерот Константин Мурахтин (според верзијата на „Авиадартс-2014“ тој е најдобар од својот ранг во Русија) успеал да се спаси. Тој бил пронајден и префрлен во авиобазата „Хмејмим“, потврди претседателот. Во исто време медиумите дојдоа до детали за спасувачката операција.

Стрелање

Министерството за одбрана на РФ соопшти дека со спасувањето на рускиот капетан се занимавале специјалните единици на руската и на сириската армија. По авионот кој беше соборен во 9 часот и 24 минути по сириско време, веќе во 11 часот биле испратени пет хеликоптери Ми-8. Извори од военото разузнавање на Сирија за „Новаја газета“ велат дека во секој хеликоптер се наоѓале само неколку Сиријци – тие биле земени како стјуарди и преведувачи. „Останатите 7-8 луѓе се маринци од Главната управа на Министерството за одбрана“, пишува весникот.

Не било тешко да се определи местото каде паднал авионот: радиолокатор е поставен на секој катапулт. Според сигналот се ориентирале и хеликоптерите. Но, тие не успеале да се приземјат директно на местото на падот: при слетувањето врз еден од Ми-8 бил отворен оган од земја. Како резултат на тоа еден маринец загинал, а останатите членови на екипажот биле евакуирани на руската авиобаза, додека хеликоптерот на земја бил уништен од страна на бунтовниците од групата на сириските Туркмени „Џабал ал Туркман“, кои го контролираат овој дел од Сирија и кои соработуваат со терористички организации кои се забранети во Русија.

Според податоците од Интернет-изданието „Лента.ру“ хеликоптерот бил уништен со помош на американскиот противтенковски комплекс BGM-71 TOW. Извор на „Лента.ру“ кој е запознаен со ситуацијата изјавил дека „комплексите од овој вид, како и друго оружје од западно производство се предаваат на терористите на северот од Сирија преку Турција“. Притоа видеозапис од стрелањето од страна на бунтовниците е објавен на Јутјуб, а на него се гледа како бунтовниците го поставуваат комплексот на позиција.

Заложник или сириски војници

Поради отворениот оган хеликоптерите успеале да се приземјат на неколку километри од местото на уривањето на Су-24. Како што соопшти на својата Фејсбук-страница либанскиот телевизиски канал Al Mayadeen, врската со капетанот била воспоставена шест часа по отпочнувањето на потрагата. Војниците морале пеш да дојдат ди местото на кое се наоѓал офицерот. Според податоците на „Новаја газета“, капетанот бил земен во плен од страна на една група, но диверзиско-разузнавачките групи ја опкружиле, почнале да преговараат и ги убедиле да го предадат заложникот. Изворот на весникот е уверен дека веќе околу три часот дента спасениот капетан бил во „Хмејмим“, а потрагата по вториот пилот се одвивала до доцна вечерта, но дека таа не дала резултати.

Тука верзиите одат во друга насока. Рускиот амбасадор во Франција Александар Орлов во интервју за радиостаницата Europe1 раскажал дека преживеаниот пилот успеал да се скрие, а потоа го пресретнале сириските војници. Војниците заедно со пилотот два часа се пробивале до безбедната територија, за да заминат кон базата на руските ВВ, потврдува репортерот на Al Mayadeen. Според министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу, „операцијата завршила успешно“ во 3 часот и 40 минути по московско време.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња