Руски спортист раскажа за причините за забраната на мелдониумот

Мелдониумот бил ставен на листата со забранети препарати единствено поради тоа што бил популарен меѓу спортистите во ЗНД, изјавил службеник за допинг на Британската антидопинг агенција.

Ставањето на мелдониумот на списокот на забранети супстанци од страна на Светска антидопинг агенција (WADA) е поврзано со популарноста на ова лекарство меѓу спортистите од ЗНД, изјави  рускиот натпреварувач во скелетон Павел Куликов во отвореното обраќање до министерот за спорт на РФ Виталиј Мутко, пренесува „Р-Спорт“.

Како што тврди спортистот, латвиски службеник за допинг кој ја претставувал Британската антидопинг агенција, во текот на земањето примерот за тестирање му кажал дека мелдониумот бил влучен во списокот забранети препарати „единствено поради популарноста на примената на препаратот меѓу спортистите од земјите на ЗНД“.

Куликов исто така раскажа дека го примал лекот од јуни 2015 година по совет на лекарот на репрезентацијата на Русија во боб Ана Вичик.

„На почетокот на август 2015 година лекарот Ана Вичик соопшти дека препаратот „Мелфор“ (мелдониум) е забранет за употреба од 1 јануари 2016 година. Потоа јас не употребував „Мелфор“. Исто таа, дознав дека мелдониумот може да се акумулира во разни системи на организмот – во бубрезите, црниот дроб, мозокот, срцевината, коските. Исто така не е исклучено и неговото акумулирање во седиментите на солите. Познато е дека некои лекарства можат да се наоѓаат во вид на траги од распаѓање и по неколку години“.

Примерокот за допинг Куликов го дал на 10 март во Санкт Петербург.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња