ФСБ фати украински шпион обучуван од ЦИА

Руските специјални служби го приведоа припадникот на контраразузнавачкото одделение на Службата за безбедност на Украина потполковник Јуриј Иванченко кој сакал да стане лажен доушник на рускиот безбедносен ресор, соопшти ФСБ РФ.

Иванченко во Русија дошол во наводна посета на роднини, без оглед на тоа што украинските специјални служби им забрануваат излегување од земјата на своите припадници.

Пред да пристигне Федералната служба за безбедност на РФ дошла до информација дека тој во Службата за безбедност на Украина (СБУ) и американската Централна агенција за разузнавање (ЦИА) бил обучен како да биде врбуван по сопствена иницијатива.

Припадникот на СБУ требало да ја заинтересира ФСБ РФ со своите можности да дојде до тајни информации во Киев и да ја придобие ФСБ за соработка. Во одредена фаза требало СБУ и ЦИА фатат соработник на ФСБ со лични документи додека прима информации од Иванченко, се вели во соопштението на ФСБ.

Бидејќи странецот е откриен уште пред да ѝ нанесе штета на безбедноста на Русија, тој ќе биде протеран во Украина и ќе му биде забранет влез во земјата, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња