Портфолиото на извозни нарачки на руско оружје и воена техника надмина 56 милијарди долари, што е за 26 милијарди долари повеќе од минатата година, соопшти претседателот на РФ Владимир Путин, пренесува ТАСС.
Според него, обемот на извозното портфолио на оружје и воена техника на Русија првпат од 1992 година достигна такво ниво.
Рускиот претседател изјави дека извозот на руското воено производство во 2015 година изнесувал 14,5 милијарди долари, што е повеќе од планираното.
Путин изјави дека „Русија го задржува второто место на листата светски лидери во испорака на воена техника и вооружување на глобалните пазари, при што, има голема празнина меѓу нас и земјите што следуваат по нас“.
Како што истакна Путин, воено-техничката соработка меѓу РФ и ЕУ практично не постои, што не одговара на интересите ниту на Русија, ниту на Европа.
„Речиси прекина воено-техничката соработка со европските држави. Би сакал да потенцирам – не по наша инцијатива, сметаме дека тоа е привремена појава“, изјави Путин на седницата на претседателската комисија за воено-техничка соработка со странските држави.
Тој изрази увереност дека е во интерес на сите земји на европскиот континент да се воспостави отворена, продуктивна соработка во сите сфери, вклучително и по линија на ВТС. „Несомнено тоа ќе ја зголеми довербата“, истакна претседателот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.