Шојгу потсетува на возвратните мерки поради ширењето на НАТО

Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу изјави дека на западните стратешки правци Русија презема мерки за задржување на проширувањето на НАТО.

„Особено внимание заслужува ситуацијата на западниот стратешки правец. НАТО продолжува да го зголемува својот воен потенцијал во Европа, вклучително и во непосредна близина на руските граници. Несомнено таквата ситуација не може да не нѐ вознемирува. Принудени сме да реагираме на неа. Затоа постојано се подобрува борбениот состав на силите на Западниот воен округ. Во текот на 2015 година продолжи формирањето на формации и воени единици, вклучително и на две дивизии“, изјави Шојгу.  

Тој исто така истакна дека опремувањето на силите со современо вооружување ќе продолжи.

Ќе бидат испорачани повеќе од 1,1 илјади единици нова и модернизирана воена техника – авиони, тенкови, оклопни транспортери, хеликоптери, средства за врски и управување, пренесува РТ на руски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња