Патрушев: Киев сака да создаде на Крим „жариште на нестабилност”

„Треба да се покаже одлучност и доследност во спречувањето на обидите за фалсификување на историјата, разгорување на меѓунационалната омраза и етничкиот сепаратизам“, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија.

Украинските власти имаат за цел да создадат „жариште на граѓанска нестабилност” во Кримскиот федерален округ, соопшти секретарот на Советот за безбедност на РФ Николај Патрушев на седницата на СБ РФ во Јалта.

„На пограничните територии Украина основа екстремистички, националистички и милитантни формации. Се врши сообраќајна блокада на Кримскиот полуостров, како и блокада на снабдувањето со вода, храна и енергија“, истакна Патрушев. „Околу антируските цели Киев воспоставува односи со турското политичко раководство. Целта на овие активности е создавање на жариште на граѓанска нестабилност“.  

Патрушев истакна дека во такви услови е важно да се зголеми оперативноста и ефикасноста во спречувањето на сите облици на екстремизам и ксенофобија и да се  постигне меѓунационална и меѓуверска слога.

„ Треба да се покаже одлучност и доследност во спречувањето на обидите за фалсификување на историјата, разгорување на меѓунационалната омраза и етничкиот сепаратизам. Не смее да се дозволи вклучување во нелегална дејност на лица кои религиското образование го стекнале во странство, вклучувајќи ги и заговорниците на радикални идеи“, додаде секретарот на СБ РФ, пренесува агенцијата ТАСС.  

Според него, мерките што се преземаат на Крим веќе даваат позитивни резултати, но опасноста од дестабилизација на општествено-политичката ситуација на Крим и понатаму постои.

„Нема сомнение дека стабилниот развој на Кримскиот федерален округ зависи од општествено-политичката стабилност. Меѓутоа, опасност од дестабилизација на општествено-политичката ситуација на Крим и понатаму има“, изјави Патрушев.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња