Во „Службениот весник на Европската унија (Official Journal of the European Union) во саботата, 12 март, е објавена одлуката за продолжување на санкциите за уште половина година против 146 државјани на Русија и Украина, како и против 37 организации. Документот стапува на сила еден ден по неговото објавување, пишува „Ведомости“.
Списокот со физички лица против кои се воведени мерки на ограничување се состои од 149 души, меѓу кои има и тројца починати.
Советот на ЕУ на 10 март ги продолжи рестриктивните мерки против 146 лица и 37 компании.
Претходно извор во Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека санкциите против лица од ЕУ кои се ставени на руската „стоп-листа“ исто така „остануваат на сила и продолжуваат да важат“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче