Советот на ЕУ ги продолжи индивидуалните санкции против Русија

Санкциите против 146 физички и 37 правни лица од Русија се продолжени до 15 септември.

Европската унија донесе одлука да ги продолжи до 15 септември индивидуалните санкции против физички и правни лица од Русија и Украина кои ЕУ ги смета за одговорни за „поткопување на територијалниот интегритет“ на Украина. Одлуката ќе биде објавена во „Службениот весник на ЕУ“ во сабота, пренесува РИА „Новости“.

Тековните санкции важат до 15 март 2016 година. Се работи за замрзнување на имотот и забрана за патување во ЕУ против 146 физички и 37 правни лица, вклучително на руски бизнисмени и државни дејци, како и претставници на бунтовниците и раководството на самопрогласените Донецка и Луганска народна република.

Покрај индивидуалните санкции, ЕУ воведе и секторски рестриктивни мерки против Русија – таканаречени економски санкции – кои ќе важат до 31 јули 2016 година. Санкциите им го ограничуваат пристапот до европски пазари на капитал на најголемите државни банки на Русија, а исто така забрануваат извоз во РФ на одделни стоки за нафтената индустрија. Под ограничување се и новите договори за увоз и извоз на оружје, како и за испорака во Русија на стоки со двојна намена за одбранбената индустрија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња