Сентјурин: Бугарија сака да ги обнови преговорите за „Јужен тек“

Русија се откажа од гасоводот во 2014 година поради „неконструктивната позиција на ЕУ“.

Бугарската страна сака да ги обнови преговорите за гасоводот „Јужен тек“, соопшти заменик-министерот за енергетика на Русија Јуриј Сентјурин, пренесува РИА „Новости“.

„Бугарските партнери активно го поставуваат прашањето за обнова на преговорите за „Јужен тек“. Барем такви информации пристигаат во нашето министерство“, рече Сентјурин.

Русија во декември 2014 година соопшти дека се откажува од „Јужен тек“ поради неконструктивната позиција на ЕУ.

Европската унија истапи против изградбата на гасоводот затоа што, согласно третиот енергетски пакет, на производителите на гас им е забрането да ги поседуваат магистралните гасоводи во ЕУ. Москва од своја страна укажа дека статусот на меѓудржавните договори потпишани за гасоводот е повисок отколку на енергетскиот пакет. Исто така, тие договори беа склучени пред донесувањето на пакетот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња