„Фала му на Бога, Надја Савченко го прекина штрајкот со глад и жед. На нејзината одлука влијаеше молбата на Петро Порошенко и на сите кои ја поддржуваат“, напиша адвокатот на својот Твитер-профил.
Според неговите зборови, Савченко почнала да пие вода, но и понатаму одбива храна. По изрекувањето на пресудата (закажано за 21-22 март) украинската државјанка повторно планира да стапи во штрајк со глад и жед, напомна адвокатот.
Савченко беше уапсена на руска територија на почетокот на јули предминатата година. Според руските иследници, таа била наведувач на огнот на украинските сили во Донбас во текот на пукањето врз руските новинари Антон Волошин и Игор Корнељук кои подоцна починаат, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче