Пет руски универзитети меѓу најдобрите во Европа

Пет руски високообразовни установи се најдоа на ранг-листата на најдобри установи во Европа според британскиот магазин Times Higher Education (THE).

Московскиот државен универзитет Ломоносов (МГУ) го зазеде 79 место. На листата се наоѓаат и Државниот политехнички универзитет во Санкт Петербург (на 113 место), Политехничкиот универзитет во Томск (136 место), Федералниот универзитет во Казањ (152 место) и Националниот универзитет за нуклеарни истражувања МИФИ (164 на списокот), пренесува „Лента.ру“.

Најдобри универзитети во Европа според ранг-листата на списанието Високо образование на Тајмс (Times Higher Education) се универзитетите во Оксфорд и Кембриџ. Во првите десет влегоа универзитети од Велика Британија, Швајцарија, Шведска и Германија.  

Магазинот Високо образование на Тајмс во март минатата година ги смести Московскиот и Санктпетербуршкиот државен универзитет на листата со најдобри универзитети на светот.

Русија во 2016 година обезбеди 15000 места за странски студенти.

Руската Федерација е една од ретките држави во светот кои овозможуваат бесплатно студирање за странци на сите универзитети во земјата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња