Московскиот државен универзитет (МГУ) „Ломоносов“ се најде на 25 место на рејтинг-листата со најдобрите универзитети во светот (World Reputation Rankings). Ова е највисоката позиција која знаменосецот на руското образование кога било ја заземал на ова листа, пренесува РИА „Новости“.
Во списокот што го составува додатокот на британскиот магазин Тајмс - Високо образование на Тајмс (Times Higher Education) – заедно со агенцијата Томсон Ројтер (Thomson Reuter), влегуваат 100 универзитети во светот со најдобра репутација. За составување на рејтингот беа анкетирани над 10 илјади научници во 140 земји од светот.
На листата се најде и друг руски универзитет - Санкт-Петербуршкиот државен универзитет (СПбГУ) на 81 место.
Минатата година МГУ беше под педесеттото место, меѓутоа уште тогаш научниците истакнуваа дека високообразовната установа има потенцијал за подобрување на позицијата. Што се однесува до СПбГУ, универзитетот првпат се најде на листата на најдобри универзитети во светот.
Прв универзитет на листата, како и во 2014 година, е Харвардскиот. Универзитетот во Кембриџ е втор, додека Оксфорд е трет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче