Протести пред руската амбасада во Киев

Пратеник од „Радикалната партија“ на Украина објави на својот Фејсбук-профил фотографија како учесниците во протестот се обидуваат да го постават украинското знаме на оградата на руската амбасада во Киев.

„Над амбасадата на Русија сега е украинското знаме“, напиша Мосијчук на „Фејсбук“.

Претходно беше соопштено дека учесниците во акцијата за поддршка на Надежда Савченко ја каменувале амбасадата на РФ во Киев, при што се оштетени прозорци и камери за видео-надзор.

Претходно портпаролот на амбасадата Олег Гришин изјави дека учесниците во протестот фрлале јајца врз зградата на амбасадата, пишува „Взгљад“. 

Протестантите бараат Русија да го ослободи украинскиот пилот Надежда Савченко.

Синоќа непознати лица демолираа прозорци на три автомобили на руската амбасада во Киев.

Претставници на властите во Киев го поддржаа „мирниот протест“ на граѓаните пред амбасадата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња