НАТО се оградува од агресивни амбиции спрема Русија

Заменик-командантот на силите на Алијансата во Европа британскиот генерал Адриан Бредшо изјави дека НАТО нема агресивни амбиции спрема Москва.

„Според Русија, прашањето е да ги убедиме дека НАТО е потполно одбранбен сојуз, дека ние немаме агресивни амбиции против Русија. Но ние сме апсолутно непоколебливи што се однесува до нашите принципи на колективна безбедност и ќе реагираме многу сериозно на сите предизвици за нашата колективна безбедност“, изјави Бредшо за телевизијата „Дифенс Њуз“.  

Претходно на 1 март командантот на ВС на НАТО во Европа Филип Филип Бридлав изјави дека САД и нивните сојузници се подготвуваат за можен конфликт со Русија. Според неговите зборови, Русија наводно се обидува да стане светски лидер и со тоа ги ограничува можностите на САД. Притоа тој ја нарече Русија непријател кој ги загрозува интересите на САД.

Исто така, на 25 февруари генералот Бридлав изјави дека Вооружените сили на САД во Европа се подготвени да се „борат и да ја победат“ Русија доколку тоа биде потребно

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња