Анкетата објавена на сајтот на информативната агенција „112 Украина покажа дека Украинците не веруваат во можноста за враќање на Крим под власт на Киев.
На прашањето „Може ли Украина да го врати Крим“ на посетителите на сајтот им се понудени три одговори, 1. „Да. Со константен политички и економски притисок врз РФ“. 2. „Не. Русија никогаш нема да се согласи“. 3. „Можно е, но не во догледна иднина“.
72% од анкетираните рекле дека се помириле со губењето на автономната република, а нешто повеќе од 15% сметаат дека враќањето на полуостровот е можно дури во долгорочна перспектива, додека само 12% негуваат илузии за враќање на Крим во состав на Украина, пренесува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче