Лавров и Кери го поздравуваат прекинот на огнот во Сирија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери во текот на телефонскиот разговор го поздравија стапувањето на сила прекинот на огнот во Сирија, соопшти МНР РФ.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери во текот на телефонскиот разговор го поздравија стапувањето на сила прекинот на огнот во Сирија, соопшти МНР РФ на својот сајт, а пренесува „Газета.ру“.

„Шефовите на дипломатиите го поздравија стапувањето на сила на прекинот на борбените дејствија во Сирија, продолжувајќи со разгледувањето на модалитетот за негова целосна имплементација, вклучувајќи и продлабочување на координацијата по воена линија меѓу Русија и САД на систематска основа“, се вели во соопштението.  

Се истакнува дека Лавров и Кери во разговорот исто така дискутирале за перспективите за обнова на сирискиот преговарачки процес во интерес на политичкото регулирање на конфликтот со помош на Меѓународната група за поддршка на Сирија (МГПС).

Тие го потврдија „особеното значење на тесната соработка во овие прашања меѓу Русија и САД како копретседавачи со МГПС“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња