Авијацијата на Воздушно-космичките сили на ВС РФ во целост ги прекинаа воздушните удари во „зелената зона“ во Сирија, изјави началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Русија Сергеј Рудској, пренесува „Интерфакс“.
„Односно по оние реони вооружени формации кои ни испратија барања за прекин на огнот“, додаде генералот.
Рудској истакна: „Соодветни упатства се дадени од министерот за одбрана на РФ веднаш по изјавата на врховниот командант дадена по разговорите со претседателот на САД“.
Генералот исто така изјави дека Русија ги прекинала летовите на борбената авијација во Сирија. „Имајќи го предвид стапувањето во сила на резолуцијата на Советот за безбедност на ООН како поддршка на руско-американскиот договор, како и за исклучување на евентуални грешки при нанесувањето на ударите, денеска, 27 февруари, летови на руската борбена авијација над територијата на Сирија, вклучително и на стратешката авијација, не се реализираат“, изјави генералот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче