Столтенберг: Состанок на Советот Русија-НАТО засега е невозможен

По средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Минхен, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека во моментов одржувањето состанок на Советот РФ-НАТО е невозможно.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека засега нема можност за одржување на состанок на Советот Русија-НАТО, соопшти „Ројтерс“.

„Ако би се впуштил во детали зошто не можеме да го свикаме овој состанок, мислам дека уште повеќе ќе го усложнам неговото свикување“, изјави Столтенберг по средбата со министерот за надворешни работи на РФ Сергеј Лавров во Минхен.

Претходно беше соопштено дека Лавров и Столтенберг дискутирале за перспективата на односите Русија-НАТО. Како што изјави за новинарите заменикот-министер за надворешни работи на РФ Алексеј Мешков, Лавров ја искажал загриженоста на Москва во врска со зајакнувањето на Алијансата на границите со Русија, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња