НАТО планира да одобри зголемување на бројот на своите војници на источниот фронт, пишува „Вол Стрит Џурнал“, повикувајќи се на претставници на НАТО и САД.
Според информациите на американскиот весник, токму ваква одлука најверојатно ќе донесат министрите за одбрана на земјите на НАТО во текот на состанокот следната недела. Притоа точниот број на војници ќе биде дефиниран подоцна годинава.
Зајакнувањето на силите на НАТО се однесува на Литванија, Латвија и Естонија, како и на Полска, пишува весникот. Истовремено НАТО соопшти дека не планира да отвори во Полска постојани бази, иако оваа земја го бараше тоа, пренесува РИА „Новости”.
Според информациите на агенцијата, планираното засилување на силите на НАТО во Европа веројатно ќе биде најголемото од времето на студената војна. Алијансата ја објаснува својата намера со загриженоста поради потезите на Крим, вклучувајќи го припојувањето на Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче