Бугарскиот парламент ја отфрли идејата за обнова на проектот „Јужен тек“

Во гласањето учествуваа вкупно 109 пратеници, од кои 27 ја поддржаа иницијативата на опозициската партија, 17 беа против, а 65 воздржани.

Бугарските пратеници во средата, 3 февруари, го отфрлија предлогот на опозициската партија „Атака” за обнова на активностите поврзани со изградбата на гасоводот „Јужен тек“, соопшти агенцијата „Новините”.

Во гласањето учествуваа вкупно 109 пратеници, од кои 27 ја поддржаа иницијативата на опозициската партија, 17 беа против, а 65 воздржани.

Претседателот на партијата „Атака” Волен Сидеров ја повика Бугарија да биде поактивна и да ѝ предложи на Русија обнова на изградбата на „Јужен тек“. Според неговите зборови, има причини да се верува дека Москва сѐ уште не го замрзнала во целост овој проект. Тој исто така изјави дека геополитичката  ситуација која настана од моментот на запирање на изградбата на гасоводот е поволна за Бугарија, пренесува РИА „Новости”.

Сидеров истакна дека обновата на проектот би овозможило да се ангажираат десетици бугарски компании и дека би го стимулирала развојот на економијата.

Кон средината на јануари министерот за енергетика на РФ Александар Новак изјави дека проектот за гасоводот „Јужен тек“ е запрен и дека Русија по тој повод не води никакви преговори. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња