„Гаспром“ го раскина договорот за гасоводот „Јужен тек“

Компанијата South Stream Transport B.V. се согласи да го ослободи „Гаспром“ од исполнување на сите обврски од договорот за „Јужен тек“.

„Гаспром“ соопштува за раскинување на договорот за проектот за гасовод „Јужен тек“, се вели во соопштението на компанијата.

Советот на директори на „Гаспром“ го одобри склучувањето договор за прекин на важноста на договорот меѓу „Гаспром“ и компанијата South Stream Transport B.V. за транспорт на гас. Компанијата  South Stream Transport B.V. се согласи да го ослободи „Гаспром“ од сите обврски за реализација на договорот за транспорт на гас и да го раскине договорот за гаранции, се истакнува во официјалното соопштение на „Гаспром“ што го пренесува ТАСС.

За можна обнова на работите на проектот „Јужен тек“ соопшти бугарскиот весник „Стандард“. Според изданието, таков сигнал од Русија добил премиерот на Буарија Бојко Борисов.

Притоа министерот за енергетика на РФ Александар Новак изјави дека проектот за изградба на гасоводот „Јужен тек“ е запрен и за него не се водат преговори.

Проектот „Јужен тек“ во вредност од 15,5 милијарди евра беше наменет за испорака во Европа на 67 милијарди кубни метри годишно.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња