„Рускиот свет“ (сите луѓе во Русија и надвор од нејзините граници кои зборуваат руски и се приврзани кон вредностите на руската цивилизација) не е руска измислица. „Рускиот свет“ постои, рече министерот Лавров.
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешната прес-конференција за новинари одговори на прашање на украински новинар за „рускиот свет“ во Донбас.
Лавров потсети на изјавата на поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко дека во Донбас „ватниките“ (погрден назив за секого со проруска ориентација) треба да бидат уништени со атомска бомба.
Сергеј Лавров нагласи дека украинските власти многупати ветувале дека рускиот јазик ќе добие статус на државен, меѓутоа ветувањето никогаш не е исполнето. Лавров исто така потсети дека Украина од воздух го има бомбардирано Луганск и укажа дека тешко може да се очекува дека украинските власти ќе ја истражат трагедијата во Одеса, пренесува „РТ“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче