Турција со контрасанкции против Русија

Турција е подготвена да одговори на руските санкции со свои ретстриктивни мерки, пишува весникот „Комерсант“.

Според информациите на весникот „Комерсант“, станува збор за воведување  антидампинг царини од 13,66 отсто за руската металургија, што е многу повеќе од цената која беше претставена во август, т.е. пред инцидентот со соборувањето на рускиот бомбардер Су-24 во Сирија.

Министерството за економија на Турција во петокот на 22 јануари ги објави конечните резултати од истрагата за увозот на металуршки производи, според која руските металурзи добиваат дампинг маржа од 13,66%.

Како што наведува „Комерсант", повикувајќи се на мислење на изворите, антидампинг истрагата е веројатно политички мотивирана затоа што поевтиниот украински увоз е во целост исклучен. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.