Франција се надева на укинување на санкциите летово

Укинувањето на санкциите летово е заедничка цел, изјави министерот за економија, индустрија и дигитални технологии на Франција Емануел Макрон.

Франција се надева дека санкциите на западните земји против Русија ќе бидат укинати летово, соопштува „Франс Прес“ повикувајќи се на министерот за економија, индустрија и дигитални технологии Емануел Макрон.

„Нашата заедничка цел се состои во укинување на санкциите летово поради тоа што процесот (на исполнување на „Минската спогодба“) ќе го поддржуваат сите страни“, изјави Макрон.

Во понеделник во Москва првпат по 2013 година ќе се одржи XXI сесија на Руско-францускиот совет за економски, финансиски, индустриски и трговски прашања.

Од амбасадата на Франција во РФ истакнуваат дека во текот на состанокот „се планира разгледување на текот на реализацијата на заедничките проекти во сферите на енергетиката, вселената и изградбата на авиони, како и перспективите за соработка во иновациската сфера и соработката со малиот и среден бизнис“.

Француската делегација ќе ја предводи министерот за економија, индустрија и дигитални технологии на Франција Емануел Макрон, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња