Кримско прашање како такво не постои, и затоа не може да се дискутира за него, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, коментирајќи ги идеите на Киев за можни преговори во проширен женевски формат за судбината на полуостровот.
„Прашањето на Крим како такво не постои. Според тоа, невозможно е да се дискутира за прашањето за Крим како такво“, изјави Песков, пренесува ТАСС.
Исто така, и Министерството за надворешни работи на Русија ја коментираше идејата на Киев за некаков формат за Крим со зборовите „фантазирањето не штети“, пренесува РИА „Новости“.
Претходно украинскиот претседател Петро Порошенко изјави за намерата за формирање група за почеток на преговори за враќање на Крим во составот на Украина во формат „Женева плус“ со учество на ЕУ, САД и, веројатно, други земји.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче