Крајбрежната стража на САД треба за Алјаска да купи најнов мразокршач кој чини милијарда долари за да одговори на сѐ поголемото воено присуство на Русија на Арктикот, објавува „Си-Ен-Ен“.
За потребата од набавка на нов тежок мразокршач зборуваат и сенаторите на државата Алјаска, како и командантот на Крајбрежната стража на САД адмиралот Пол Зукунфт, пренесува „Взгляд”.
Сенаторите сметаат дека на Америка ѝ е потребно да купи нов мразокршач поради руските воени и трговски активности во регионот и поради нееднаквоста меѓу руската и американската флота мразокршачи.
На почетокот на септември минатата година американското интернет издание „Вокатив“ соопшти дека САД значително заостануваат зад Русија според бројот на мразокршачи, без кои е невозможно во целосна мерка да се искористат предностите кои ги носи топењето на арктичкиот мраз. Тука спаѓаат новите можности за трговија, туризам и научни истражувања.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче