ИД изврши колеж во реонот на руската хуманитарна акција во Сирија

„Од селото Ел Багилија пристигаат вести дека терористите ликвидираат цели семејства”, се наведува во соопштението.

Членовите на терористичката организација „Исламска држава” убиле околу 280 лица во сириската провинција Дајр ел Зор, каде што Русија претходно исфрли хуманитарна помош. Убиствата продолжуваат, соопштуваат жителите.

„Терористите на ИД денеска извршија страшен колеж во селото Багилија во провинцијата Дајр ел Зор. 280 жртави, меѓу кои има жени, деца и старци. Дадено е објаснување дека се убиени поради (наводната) соработка со сириската војска”, пренесува „Взгљад”.

„Од селото Ел Багилија пристигаат вести за тоа дека терористите ликвидираат цели семејства”, се наведува во соопштението.

Руската војска во петокот,15 јануари, започна хуманитарна операција во Сирија. Првата партија од хуманитарната помош на Министерството за одбрана на Русија е исфрлена во сирискиот град Дајр ел Зор.

Заменикот на постојниот претставник на Русија во ОН Владимир Сафроников изјави дека детално се зборува за кризата во градот Мадаја кој е опколен од владината војска, додека за проблемите во градовите во провинцијата Алепо кои се опколени од терористите не се кажува ниту збор.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња