Руската војска започна хуманитарна операција во Сирија

Руската армија започна во Сирија со хуманитарна операција, соопшти Генералштабот на Вооружените сили на РФ. Војската ја испорача првата партија хуманитарна пратка.

Руската војска започна хуманитарна операција во Сирија со испорака на 22 тони хуманитарна пратка во градот Деир-ез-Зор, соопшти претставникот на Генералштабот генерал-потполковник Сергеј Рудској на брифингот на 15 јануари.

Тој објасни дека градот подолго време се наоѓал под опсада на бунтовниците од „Исламската држава“. Пратката била доставена со транспортен авион Ил-76 „со употреба на руски падобрански платформи“.

Објаснувајќи ја одлуката за започнување хуманитарна операција, рускиот генерал истакна дека, и покрај тоа што хуманитарна помош во Сирија доставуваат некои меѓународни невладини организации, таа „во основа се упатува во реони контролирани од бунтовниците, каде голем дел паѓа во рацете на екстремистите и се користи за снабдување на бандитските формации“.

Притоа, според зборовите на генералот, „многупати беа забележани обиди за испорака на оружје и муниција и евакуација на ранети борци под маската на хуманитарни конвои“.

На 15 јануари својата загриженост од хуманитарната ситуација во Сирија ја соопшти и руското МНР. Во соопштението на рускиот дипломатски ресор се вели дека „особена загриженост предизвикува ситуацијата во блокираните Мадаја, Фуа и Кефраја“. Мадаја е опколена од владините сили, додека Фуа и Кефраја се опколени од исламистичките групи.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња