Путин: Во Русија регистрирани две вакцини против Ебола

Како што изјави министерката за здравство на РФ Вероника Скворцова, едната од вакцините е ефикасна за луѓето заболени од ХИВ.

Во Русија се регистрирани две вакцини против вирусот Ебола, која во 2014 година ги однесе животите на неколку илјади луѓе во Западна Африка. Ова на седницата на владата на Русија го изјави претседателот на РФ Владимир Путин. 

Според неговите зборови, вакцината покажува „повисока ефикасност од препаратите кои до ден-денес се применуваат во светот“.

Како што изјави министерката за здравство на РФ Вероника Скворцова, едната од вакцините е ефикасна за луѓето заболени од ХИВ. Таа реле дека „кај сите вакцинирани има стопостотна неутрализација на вирусот при многу ниска концентрација на вакцината“.

„Руска реч на македонски“ засега не успеа да добие потврда од експертите за регистрацијата на вакцината.

Откако во 2014 година Светската здравствена организација соопшти за епидемијата на Ебола во три земји во Западна Африка – Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја – Русија реши да ја обнови работата на советско-гвинејската лабораторија за истражување на тропски трески и одвои околу 80 милиони долари за разработка на вакцина и за помош на Гвинеја за борба со епидемијата.  

Во рамките на помошта во Гвинеја беше упатена бригада руски епидемиолози и вирусолози заедно со мобилна лабораторија монтирана на камион „Камаз“. 

Русија почна да тестира неколку варијанти на вакцината уште во септември 2014 година. Се претпоставуваше дека вакцината ќе биде подготвена за тестирање врз човек пролетта 2015 година.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња