Русија праќа лекари во Сиера Леоне за борба против вирусот ебола

Русија планира да прати во Сиера Леоне лекари кои треба да помогнат во борбата против еболата, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

Русија планира да прати во Сиера Леоне лекари кои треба да помогнат во борбата против еболата, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Русија сака активно да учествува во борбата против еболата, и на тој начин да допринесе во заедничките на пори на меѓународната заедница. Веќе упативме група лекари во Гвинеја да пружат соодветна помош. Подготвуваме и лекари кои треба да заминат во Сиера Леоне“, пренесува РИА „Новости“.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), од 25 септември до сега во Западна Африка од ебола се инфицирани 6.263 лица, а починале 2.917. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња