Путин: Грешката на Русија беше што ги запостави националните интереси

„Населението на Русија одлично сфаќа и со срцето и со разумот што се случува”, изјави шефот на руската држава Владимир Путин.

Грешката на Русија беше тоа што не ги застапуваше своите национални интереси, изјави шефот на руската држава Владимир Путин.

„Да, Русија правеше грешки. Ние не ги застапувавме своите национални интереси, а тоа требаше да го правиме од самиот почеток. И тогаш, можеби, светот ќе беше подобро избалансиран”, изјави Путин во интервјуто за германски „Билт“, одговарајќи на прашањето дали Русија во текот на 25 години направила некаква грешка.

Рускиот претседател истакна дека Русија е подготвена да бара компромиси во соработката со Европа врз основа на меѓународното право.

„Ме прашавте дали сум пријател или непријател? Односите меѓу државите се градат на малку поинаков начин, а не како односите меѓу луѓето. Јас не сум ви ни пријател, ни невеста, ни младоженец, јас сум претседател на Руската Федерација. Станува збор за 146 милиони луѓе кои имаат свои интереси и јас сум должен да ги застапувам. Подготвени сме тоа да не го правиме преку судир, подготвени сме да бараме компромиси. Но, се разбира, врз основа на меѓународното право кое сите го толкуваат на ист начин“; одговори Путин на прашањето за соработката со Русија и западните земји по припојувањето на Крим.

„Знаете, населението на Русија одлично сфаќа и со срцето и со разумот што се случува. Наполеон еднаш рекол дека праведноста е отелотворение на Бог на земјата. Присоединувањето на Крим кон Русија е праведна одлука”, додаде рускиот лидер.

Путин додаде дека европските санкции кои следеа потоа се погрешни и дека немаат за цел да ѝ помогнат на Украина, колку да ги намалат можностите за напредок на Русија.

„Што се однесува до реакцијата на нашите западни партнери, ми се чини дека беше погрешна и дека немаше за цел да ѝ помогне на Украина, туку да ги спречи можностите за развој на Русија. Ми се чини дека не треба да прават така, во тоа и лежи главната грешка, туку треба, напротив, да се користат заемните можности за заеднички напредок, за заедничко решавање на проблемите со кои се соочуваме”, изјави Путин. 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња