Репрезентацијата на Русија во хокеј освои сребрен медал на младинското Светско првенство 2016 откако загуби во финалето од репрезентацијата на домаќинот Финска со резултат 3:4. Бронзениот медал ѝ припадна на репрезентацијата на САД, која во натпреварот за 3 место ја победи Шведска со 8:3.
Русите освојуваат медали на младинското Светско првенство шеста година по ред (злато во 2011 година, сребро во 2012 и 2015, бронза во 2013 и 2014). Репрезентацијата на Финска четврти пат освои злато (вторпат во последниве три години).
За селекторот на Русите Валериј Брагин ова е петто финале во неговата кариера.
„Екипата секогаш потполно зависи од селекторот, од неговиот штаб. Во младинската репрезентација беше собран многу силен тренерски штаб, сите си ја завршија задачата. Се надеваме дека тренерскиот штаб и понатаму ќе работи за доброто на рускиот хокеј. Ако такви стручњаци како Валериј Брагин работат во ФХР, нашиот хокеј го очекува голема иднина“, изјави првиот потпретседател на ФХР Роман Ротенберг, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче