Младите руски хокеари во финалето на Светското првенство

Натпреварот меѓу репрезентациите на Русија и САД заврши со резултат 2:1 во корист на руските хокеари.

Младинската репрезентација на Русија во хокеј втора година по ред ќе игра во финалето на светското првенство. Руските спортисти во полуфиналето ја победија репрезентацијата на САД на првенството што се одржува во Финска, пренесува РИА „Новости“.

Средбата се одржа во „Хартвал Арената“ во Хелсинки и заврши со резултат 2:1 (0:1, 2:0, 0:0) за Русија. Кристиан Дворак (10 минута) ги доведе Американците во предност, на што Русите одговорија со головите на Павел Красковски (36) и Егор Коршков (38).

Во финалето на 5 јануари Русија ќе игра со домаќинот Финска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња